Придобивки на менаџиран cloud хостинг

Што претставува Менаџиран Хостинг?

Со користење на менаџиран хостинг секојдневното управување со вашите сервери, софтверот и хардверот на системот го препуштате во рацете на професионалниот тим на Вашиот веб хостинг провајдер. Премиум услугите кои ги добивате со избирање на менаџиран хостинг, како што се управување на апликациско ниво, е исто како да црвен тепих е распослан само за Вас. Истото чувство го имаат и корисниците на Вашата веб страна кога ќе се сретнат со платформа што се вчитува брзо, сигурно и непречено.

Менаџиран хостинг претставува вистински избор за секоја компанија која сака да го гради своето веб присуство на вистински начин. Ваквиот хостинг особено се препорачува за:

  • Мали компании со ограничен број на IT вработени
  • Онлајн продавници со многу голем сообраќај
  • Онлајн компании на кои им е потребна најсовремена онлајн безбедност
  • Веб страни со големи back-end потреби
  • Веб страни со променлив или голем број на посетители

Првите чекори до модерна IT инфраструктура:

Како да изградите модерна, стабилна и најсовремена IT инфраструктура, без претходни познавања поврзани со изградба на IT инфраструктура? Одговорот на ова прашање е многу едноставен - ќе ја ангажирате вистинската компанија да се погрижи за Вас и Вашата компанија.

Менаџиран хостинг преставува флексибилно решение за потребите на Вашата компанија. Тоа е така поради можноста за избор на решение според потребите и побарувањата на Вашата компанија. Уште една придобивка од користењето на менаџиран cloud хостинг е тоа што многу лесно вашиот хостинг ќе се прилагоди на зголемувањето на потребите и побарувањата како што ќе се развива Вашата компанија. Ова значи дека не треба да се грижите дали вашата веб страна ќе падне секој пат кога ќе пуштите некоја реклама, промоција или ќе споделите содржина која ќе предизвика голем интерес кај вашите посетители.

Најголема придобивка при избор на менаџиран cloud хостинг е постојаната поддршка која Ви ја нуди вашиот хостинг провајдер. Може да сметате на квалификуван тим за поддршка составен од професионалци кои ќе се погрижат за секој проблем со кој ќе се соочите и кој влијае врз перформансите на front-end или back-end на вашата веб страна. Доколку Вашата веб страна или платформа се паднати, тоа значи дека Вашата компанија трпи загуби во сообраќај или онлајн продажба.

Дополнително, не треба да се грижите за рутинското одржување на серверите. Оставете Вашиот веб хостинг провајдер да се погрижи за вас.

Добијте најмногу за вашата инвестиција

Менаџиран cloud хостинг е една од најдобрите инвестиции што може да ги направи еден мал бизнис во развој. Со менаџиран cloud хостинг уште од самиот старт добивате елегантно и угледно присуство на интернет. Менаџираниот хостинг нуди можност за водење на веб страна оптимизирана за најдобри можни перформанси и претходно конфигурирана за лесно одржување.

Менаџираниот хостинг ви дава пристап до врвна и современа технологија иако Вие сѐ уште не сте спремни да инвестирате во Ваш сопствен IT тим или немате време или доволно познавање да навлезете во светот на програмирањето. Исто така, нема да имате обврска да инвестирате во скап хардвер или да се грижите со негова постојана надградба како се развиваат и усовршуваат технологиите.

Менаџирано cloud решение што се надоградува паралелно со вас

Кога користите менаџиран cloud хостинг не сте ограничени на еден однапред договорен месечен план. Ја имате слободата да го приспособите вашиот менаџиран cloud хостинг како што се развива Вашата компанија.

Вашата веб страна без проблем може да ги издржи ненадејните зголемувања на сообраќај што би настанале доколку имате некоја промоција, или некој ваш пост стане вирален.

Всушност, се откажувате од тешката работа на водење на една веб страна, без притоа да се откажете од Вашата административна или креативна контрола. Најдоброто решение за Вас!

Редовен и сигурен Backup

Доколку изберете да користите менаџиран cloud хостинг, тогаш извршувањето редовни бекапи нема да биде ваша грижа. Вашиот хостинг провајдер Ви овозможува редовни и квалитетни бекапи, бекапи на off-site локации, инкрементални бекапи. Во случај на загуба на податоци, Вашиот хостинг провајдер безбедно ќе ги врати сите ваши загубени податоци, без разлика пред колку направени бекапи се тие изгубени. Вашите податоци се сигурни со нас!

Дали сте спремни за менаџирано cloud решение?

Небула нуди најдобри менаџирани хостинг решенија за сите ваши потреби во регионот. Искусете како е да Вашата веб страна биде водена од професионалци, без притоа да се откажете од контролата врз неа. Ве очекуваме!

Понуда